За нас
Powerhouse Pilates се едни од пионерите во фитнес индустријата во земјава. Она што ги прави уникатни е тоа што Powerhouse Pilates е првото студио во Македонија што ја воведе пилатес техниката која веќе 18 години ја усовршуваат и надградуваат.
Во одличен амбиент и динамична атмосфера, можеш да избереш да вежбаш Power Pilates, Cardio, Total Body workout, Yoga. Доколку си нов/а во овие дисциплини, немај гајле — тимот од овие прекрасни девојки постојано ќе го следи и охрабрува твојот напредок. А за најлојалните вежбачи се резервирани интересни понуди
Ивана Каратукова од тимот на Powerhouse Pilates, вели дека секојдневно се посветени на креирање квалитетни и функционални тренинзи.-Позитивното расположение за време на тренингот, и видливите резултати на нивното физичко и психичко здравје се мотивот кој со години ги тера нашите вежбачи да доаѓаат на часовите во PowerHouse.Поради големиот интерес, во план е наскоро да се воведат не само дополнителни термини за вежбање, туку и нови техники што ќе ти помогнат да го подмладиш духот и да го обликуваш телото од соништата.
Доколку те заинтересиравме, можеш да го посетиш студиото на Powerhouse Pilates на една од следниве 3 локации низ Скопје:
Ул. Дебарца бр. 44 (Дебар Маало)
Ул. Иван Козаров бр. 14 (Кисела Вода)
За да бидеш во тек со сите новости на Powerhouse Pilates, можеш да ги следиш на следниве социјални мрежи:
Instagram: @powerhousepilates
Facebook: PowerHouse Pilates
Twitter: @powerhousepilates
Linkedin: powerhouse-pilates-
Youtube: POWERHOUSE PILATES