Зошто Powerhouse Pilates?

PowerHouse Pilates е прво пилатес студио на нашите простори. Почна со работа во 2002 година. Основач техниката, за која е специјализиран PowerHouse е доајенот на пилатесoт, Ирина Митевска, прв пилатес инструктор во Македонија.Токму таа е личноста која го смени начинот и стилот на живеење на многу девојки и жени кои во тоа време сакаа да пробаат нешто ново и различно, а притоа да одговара на секој во било која возраст.Нејзината успешност и посветеност го донесе PowerHouse на врвот каде сѐ уште се одржува.

Powerhouse Pilates е прво специјализирано пилатес студио во Македонија. Знаеме што сакаат нашите клиенти, знаеме со кој интензитет да го конципираме тренингот. Нашите часови редовно се прилагодуваат во зависност од потребите на групата и претставуваме студио со најголем број на реквизити кои се користат за време на тренинзите.Во употреба се трендовски реквизите како TRX и BOSU ball, добро познатите боксови, степери пилатес топки, медицински топки со различни тежини, како и ластици и тегови.












Клиентите кај нас треба да понесат само ведар дух за вежбање, а за останатото се грижиме ние.Без разлика дали сакате да вежбате за да изгледате физички подобро или сакате да се испразните од насобраната негативна енергија, дојдете на тренинг во едно од двете наши студија во Дебар Маало и Кисела Вода и сами уверете се зошто Powerhouse Pilates и после 17 години секојдневно придонесува за насмевките на многу девојки и жени од Скопје.

Scroll to Top