Магдалена како сопственик на Powerhouse влезе сосема неочекувано, како за себе така и за останатите.
Емотивна приказна на која не може да се остане рамнодушен.
Студиото
го наследи од својата сестра Ирина, првата девојка која го донесе
пилатесот во Македонија, воедно и основачот на Powerhouse.
Љубовта,
енергијата, идеите и замислите кои ги имаше Ирина се двигатели и мотив
за Магдалена секојдневно
да биде посветена на Powerhouse и неговото 20
годишно постоење, надградување и успешно креирање на бренд!
Секој
знае дека сестринската љубов е нераскинлива па така и тука, љубовта која
ја има во себе за Ирина ја преточува во секој успешен проект на
Powerhouse. Горда на себе и на својата сестра, секојдневно креира
приказна која е предизвик за многу девојки да инвестираат во
самодоверба, здрав дух и тело, сѐ со единствена цел да се продолжи името
на доајенот на пилатес техниката Ирина Пилатес Митевска.
Ивана е првиот инструктор кој и се придружи на Ирина пред 18 години и од тогаш редовно држи тренинзи во Powerhouse.
Со
10 годишно искуство во класичниот балет многу спонтано се роди љубовта
за пилатесот. Ивана е нашиот главен инструктор и координатор во тимот.
Девојка која несебично го споделува своето знаење и долгогодишно искусво
со секоја наша инструкторка и заедно со Магделена успешно ја водат
приказната на Powerhouse
.
Својата Power Pilates програма на
тренинзите ја креира според потребите на нашите вежбачки и голем број на
девојки со години наназад редовно вежбаат со неа
Нејзина цел е
што поголем број на луѓе да ја дознаат убавината и бенефитите на
физичката активност. Грижата за себе и здравиот начин на живот треба да
биде и твоја цел!
Нејзиното мото е да се биде најдобрата верзија од себе!
Љубовта за спортот и се
јавува уште од млади години и продолжува целиот свој живот со многу
љубов и посветеност да се бави со спорт. Како дипломирана на факултет за
спорт и спортски развој професионално и рекреативно се занимава со
кардио функционални тренинзи.
Во нашиот тим е веќе неколку години и
секогаш се труди на своите вежбачки да им ја пренесе својата енергија и
мотив за редовно практикување на физичката активност.
Како мајка на четири деца е вистински пример дека изговори не треба да имаш!
Нека биде мотив и пример и за тебе!
Дипломиран балетски
играч по современ танц на Балетската Академија во Скопје и желба да
научи нешто ново многу лесно и успешно влезе во светот на пилатесот.
Како дел од тимот на Powerhouse се придружи пред 6 години и отогаш секојдневно држи тренинзи во нашето студио во Дебар маало.
Нејзиниот
стил на тренинзи е комбинациски вежби од пилатес и кардио тренинзи
вклучувајки ги сите реквизити со кои располага студиото.
Ведра, насмеана и спремна со нов креативен тренинг секој пон-сре-пет може да ја најдете во нашата сала.
Потекнува од спортска
фамилија и многу природно е навлезена во светот на спортот па оттука
почнала активно да се занимава со него.
Пилатес инструкторка која
верува дека здравјето е секогаш на прво место и за да се успее во тоа,
потребно е да научиме да се грижиме за себе.
Стефани е исто така дел од младиот тим на инструктори и посветено и со многу ентузијазам ги креира своите тренинзи.
Љубовта за спотот се
јавува уште од млади години и продолжува целиот свој живот со многу
љубов и посветеност да се бави со спорт. Како дипломирана на факултет за
спорт и спортски развој професионално и рекреативно се занимава со
кардио функционални тренинзи.
Во нашиот тим е веќе неколку години и
секогаш се труди на своите вежбачки да им ја пренесе својата енергија и
мотив за редовно практикување на физичката активност.
Како мајка на четири деца е вистински пример дека изговори не треба да имаш!
Нека биде мотив и пример и за тебе!