Кога кожата е добро хидрирана, станува поздрава и се враќа еластичноста. Делумно ефектите се должат на хијалуронската киселина чија улога е да се одржи присутноста на водата. Кога е доволна хидратацијата, кожата е поенергична, еластична и помалку склона кон брчки. За да се заштити кожата, а воедно целото тело од штетните УВ зрачења, микроорганизмите и токсичните состојки во воздухот, мора да биде адекватно третирана.
Ако кожата е сува, сите овие надворешни фактори можат дополнително да ја оштетат. Горниот слој од епидермот има потреба од постојано присуство на вода за да остане свеж и мазен. Затоа, производите за хидратација на лице се дизајнирани специјално за таа намена, да ја зголемат содржината на вода во кожата. Најчесто, во својот состав имаат оклузивни агенси кои ја задржуваат влагата.
Исто така, содржат и агенси кои се одговорни за преземање на вода во кожата како пантенол, аминокиселини, одредени витамини и вода. Мора да се напомене дека не е доволно само да се нанесе хидратантна крема 5 минути пред излегување, бидејќи во тој случај нема да го има својот полн ефект, односно нема да може да навлезе во порите на кожата. Важно е кожата да се подготви со темелно чистење
Следните чекори се круцијални во одржување на хидратацијата, односно потребно е кремата да се нанесува во комбинација со серум кој има ситни молекули што темелно навлегуваат во кожата и длабински ја хидрираат, односно серумот го засилува дејството на самата крема.
Беспрекорната кожа, свежиот изглед не доаѓа сам по себе, потребно е истиот да се негува со производи наменети и соодветни за типот на кожа. А кој е крајниот ефект? Природна и здрава кожа која е подготвена за следниот чекор, а тоа е мејкап подлога која ќе ја истакне комплетната убавина на секое лице.