Нашиот тим

    Запознај го тимот на Powerhouse!


Магдалена Митевска

Магдалена како сопственик на Powerhouse влезе сосема неочекувано, како за себе така и за останатите.Емотивна приказна на која не може да се остане рамнодушен.Студиото го наследи од својата сестра Ирина, првата девојка која го донесе пилатесот во Македонија, воедно и основачот на Powerhouse.Љубовта, енергијата, идеите и замислите кои ги имаше Ирина се двигатели и мотив за Магдалена секојдневно да биде посветена на Powerhouse и неговото 20 годишно постоење, надград​ување и успешно креирање на бренд!Секој знае дека се​стринската љубов е нераскинлива па така и тука, љубовта која ја има во себе за Ирина ја преточува во секој успешен проект на Powerhouse. Горда на себе и на својата сестра, секојдневно креира приказна која е предизвик за многу девојки да инвестираат во самодоверба, здрав дух и тело, сѐ со единствена цел да се продолжи иметона доајенот на пилатес техниката Ирина Пилатес Митевска.

 


Ивана Каратукова

Ивана е првиот инструктор кој и се придружи на И​рина п​ред 18 години и од тогаш редовно држи тренинзи во Powerhouse.Со 10 годишно искуство в​о класичниот балет многу спонтано се роди љубовта за пилатесот. Ивана е нашиот главен инструктор и координатор во тимот. Девојка која несеби​чно го споделува своето знаење и долгогодишно искусво со секоја наша инструкторка и заедно со Магделена успешно ја водат приказната на Powerhouse.Својата Power Pilates програма на тренинзите ја креира според потребите на нашите вежбачки и голем број на девојки со години наназад редовно вежбаат со неа Нејзина цел е што поголем број на луѓе да ја дознаат убавината и бенефитите на физичката активност. Грижата за себе и здравиот начин на живот треба да биде и твоја цел! Нејзиното мото е да се биде најдобрата верзија од себе!

 


Ирина Муткова

Љубовта за спортот и се јавува уште од млади години и продолжува целиот свој живот со многу љубов и посветеност да се бави со спорт. Како дипломирана на факултет за спорт и спортски развој професионално и рекреативно се занимава со кардио функционални тренинзи. Во нашиот тим е веќе неколку години и секогаш се труди на своите вежбачки да им ја пренесе својата енергија и мотив за редовно практикување на физичката активност. Како мајка на четири деца е вистински пример дека изговори не треба да имаш! Нека биде мотив и пример и за тебе

 


 

 

Ана Марковска

Дипломиран балетски играч по современ танц на Балетската Академија во Скопје и желба да
научи нешто ново многу лесно и успешно влезе во светот на пилатесот. Како дел од тимот на Powerhouse се придружи пред 6 години и отогаш секојдневно држи тренинзи во нашето студио во Дебар маало. Нејзиниот стил на тренинзи е комбинациски вежби од пилатес и кардио тренинзи вклучувајки ги сите реквизити со кои располага студиото. Ведра, насмеана и спремна со нов креативен тренинг секој пон-сре-пет може да ја најдете во нашата сала.

 

 


 

Стефани Петрушевскa

Потекнува од спортска фамилија и многу природно е навлезена во светот на спортот па оттука почнала активно да се занимава со него. Пилатес инструкторка која верува дека здравјето е секогаш на прво место и за да се успее во тоа, потребно е да научиме да се грижиме за себе.Стефани е исто така дел од младиот тим на инструктори и посветено и со многу ентузијазам ги креира своите тренинзи. Љубовта за спотот се јавува уште од млади години и продолжува целиот свој живот со многу љубов и посветеност да се бави со спорт. Како дипломирана на факултет заспорт и спортски развој професионално и рекреативно се занимава со кардио функционални тренинзи. Во нашиот тим е веќе неколку години и секогаш се труди на своите вежбачки да им ја пренесе својата енергија и мотив за редовно практикување на физичката активност. Како мајка на четири деца е вистински пример дека изговори не треба да имаш! Нека биде мотив и пример и за тебе

Scroll to Top