Што се стрии и како против нив


Стриите се оштетувања на кожата во облик на тенки или дебели линии, долги десетина сантиметри кои настануваат при нагло и брзо растегнување на кожата. Обично се појавуваат во пубертетот, при бременост и огромни варијации во телесната тежина.

Кога зборуваме за нив, важно е да знаете неколку работи.За разлика од гребнатинките по телото кои поминуваат брзо, стриите не можат да исчезнат во целост од вашето тело. Иако на пазарот постојат безброј препарати кои гарантираат успех, она што тие единствено можат да го направат е да ги прикријат стриите менувајќи ја нивната текстура и правејќи ги визуелно посветли.

Доколку се одлучите да инвестирате во скапи крем против стрии, добро е да знаете дека ефектите на визуелно сокривање, но не и елиминирање на стриите ќе бидат видливи дури после неколку месеци.

Всушност, при борбата со стриите најважна е хидрираната кожа што значи дека не мора да употребувате прескап крем за оваа намена… Може кожата да ја негувате со бадемово масло.

После пораѓањето, стриите може да ги отстраните целосно единствено само со ласерски третмани неколку месеци по бременоста.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top