Јога

Трансформирајте го духот и телото, вежбајте јога во PowerHouse Pilates!


Хармонијата на телото, психата и душата е основната суштина на јогата. Преку неа се соединуваат и поврзуваат енергиите. Таа помага при зачувувањето на здравјето на организмот и доведува до симбиоза помеѓу телото, умот и духот во една целина.

Јогата вклучува голем број вежби кои даваат позитивен ефект врз целокупното ментално и физичко здравје,  а притоа ве ослободуваат од стресот кој секојдневно се акумулира во вас. Одлуката да се започне со телесна активност е најтешка, но кога еднаш ќе започнете да вежбате јога, нема да можете да престанете.

Во целиот процес на ослободување од стресот и одржување на телесната активност преку вежби за истегнување, потребно е да ве води искусен тренер кој на правилен начин ќе ја насочи позитивната енергија кон вас и ќе направи да се вљубите во јогата уште на самиот почеток. Токму тоа, и многу повеќе ќе добиете на часовите по јога кои се одржуваат во добропознатиот центар за пилатес PowerHouse Pilates, со инструкторката Инес Стефановска. Секој понеделник и среда со почеток во 20 часот во студиото лоцирано во Дебар Маало може да бидете дел од овие часови и редовно да започнете да ја практикувата јогата како начин на живот. Аштанга јогата ќе ви помогне да се ослободите од секојдневниот стрес и да се поврзете со самите себе зајакнувајќи го телото и духот.

За јогата како начин на живот и многубројните придобивки од неа говорат најразлични истражувања преку кои е докажано дека на тој начин ќе ја зголемите еластичноста на вашето тело, преку 30 пози кои се изведуваат делуваат на зглобовите, ги зајакнува и подмачкува

зглобовите, тетивите и лигаментите, влијае врз правилното работење на жлездите, врши детоксикација, обезбедува соодветен проток на крвта низ телото, опушта, ревитализира.

Постојат безброј причини за да започнете да вежбате јога, а PowerHouse Pilates е местото каде што ќе ги добиете потребните услови за вистинско уживање во часовите по јога, а покрај тоа имате можност за динамични вежби и уште поголеми ефекти комбинирајќи го пилатесот со јогата во различни денови од неделата.

 

Scroll to Top