Што се случува со телото кога седите повеќе од 3 часа дневно?


Живееме во време што бара од повеќето од нас да седиме на стол 8 или повеќе часови на ден, што може да биде навистина лошо по нашето здравје.

Многу луѓе (дури и младите) се соочуваат со болки во грбот и го зголемуваат ризикот од потешки заболувања.

Кои се негативните последици кое телото ги трпи од премногу седење?

1. Зголемување на тежината
За разлика од вежбањето кое го поттикнува расположението преку ендорфин, но исто така гради мускули, согорува калории, ја намалува шеќерната желба и го подобрува метаболизмот, седењето подолго време може да го намали метаболизмот и да ги зголеми броевите на вагата.

2. Болки во грбот
Длабоко вкоренетите јадрени мускули кои ги поврзуваат лумбалните пршлени со фемурот околу нашиот стомак се поврзуваат со илиакусот за да се формира илиопсоас на нашите бедра. Овој цврст мускул може да придонесе за болки во долниот дел на грбот, болки во препоните и во колкот, бидејќи останува во постојано флексибилна положба во подолг временски период.

3. Зголемен ризик од срцеви заболувања
Мажите чии работни места бараат седење подолго време, имаат двојно зголемен ризик од кардиоваскуларните болести, во споредба со мажите кои работат физички активна работа. Вкупното време на седење постојано се поврзува со зголемениот ризик за фатални и нефатални кардиоваскуларни болести, без оглед на полот, возраста, индексот на телесна маса и нивото на физичка активност.

4. Зголемен ризик од дијабетес тип 2
Кај лицата со дијабетес тип 2, телото не произведува доволно инсулин и има покачени вредности на гликоза затоа што организмот не може да ја пренесе гликозата во клетките (инсулинска резистенција). Вежбањето може да помогне за клетките да станат поефикасни во земањето гликоза и искористување за енергијата.

5. Зголемен ризик од предвремена смртност
Повеќекратни неодамнешни студии покажале дека прекумереното седење е поврзано со зголемен ризик од смртност од сите причини поради тоа што е поврзана со повисока инциденца на хипертензија, кардиоваскуларни заболувања, рак, дебелина и дијабетес тип 2.

6. Зголемен ризик од рак
Едно истражување покажало дека ваквиот животен стил може да го зголеми ризикот од рак на дебело црево и ректален карцином кај мажите и жените. Друго истражување покажало дека појавата на ендометријалниот карцином – вид на рак поврзан со хормонален дисбаланс, исто така е поврзан со намалената физичка активност.

7. Бенигна хиперплазија на простатата (БПХ)
Многу студии ја воочиле корелацијата помеѓу зголемената физичка активност и вежбањето и намалениот ризик од БПХ , дефиниран од зголемена простата, а најчест симптом на оваа болест е неможноста да се испразни урината.

Доколку работното место ви налага задолжително седење во сите 8 работни часа, најмалку што можете да направите во корист на вашето здравје се честите, кратки паузи за растегнување и раздвижување. Исто така, искористете го секој слободен момент за барем 10-15 минути телесни вежби.

Scroll to Top